Свет
13. December 2016 - 10:55

Поради птичји грип во Јужна Кореја уништени 10 милиони живина

Властите во Јужна Кореја соопштија денеска дека ја интензивирале кампањата против епидемија на птичји грип Н5N6 и досега се уништени речиси 10 милиони живина.

Првиот случај на заразата бил откриен на 18 ноември на фарма во централниот дел од државата. Епидемијата потоа се проширила на десетици фарми за одгледување живина.

Министерството за земјоделие наведе дека околу 10 милиони кокошки и патки се уништени и дополнително ќе бидат уништени уште околу 2,5 милиони живина. Нема пријавени случаи на пренесување на болеста врз луѓе.