Општина Виница продаде четири државни парцели

Општина Виница по пат на јавно наддавање продаде четири парцели државно неизградено земјиште за кои огласот беше распишан од почетокот на август годинава.
Според огласот, јавното наддавање стартуваше со 61 денар за метар квадратен, а највисока цена постигна плацот на улицата „Александар Македонски“ во новата зона за мало стопанство, 560 денари за единица површина. Од продажбата за овие понудени 2.306 метри квадратни во општинската каса треба да се инкасираат 1.291.360 денари.
- Површините за индивидуално домување, во зависност од интересот, постигнаа 71, 511 и 512 денара за метар квадратен. Од 34.293 до 190.000 денари е сумата што треба да ја уплатат оние кои учествуваа на вчерашното електронско наддавање. Плацевите се со површина од 320, 372, 483 метри квадратни. Ова е прва продажба на државно земјиште 2015 година и општината ќе инкасира околу 1.700.000 денари од кои 20 отсто одат во државниот буџет, истакна Љупчо Георгиев од Комисијата за елкектронско јавно надавање во општина Виница.
За девет месеци купувачите треба да добијат одобрение за градба, а за две години да ја завршат градбата.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Се надевам дека нема повторно да сретнам друг француски играч пред крајот на Ролан Гарос
-

Во Берово изутринава 8 степени, во Скопје 17
-

Јаневска на увид во градежните активности за реконструкција на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Отворање на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026
-

Калас: Европа не смее да влезе во замка со прашањето кој ќе преговара со Русија, важна е суштината на разговорите
-

Претставници на ФИФА повикани на суд во случајот со продажба на билети за СП 2026
-

Гесан прв фудбалер во историјата што освои две европски натпреварувања во една сезона
-

Кристал Палас ја освои Лигата на конференции
