-->
-->
Почина еден од актерите во серијата „Пријатели“
-->
Славниот американски актер, прочуената сериска и филмска ѕвезда Рон Глас, почина во својот дом во Лос Анџелес на 25 ноември во 71 година, потврдија странските медиуми.
Актерот во својота богата кариера има шаролика улога, а една од препознатливите беше и во легендарната хумористична серија „Пријатели“. Освен тоа глумеше и во серијата „Ѕвездени патеки“, „CSI“, „Firefly“ и други.
Засега не е познато дали е во прашање изненадувачка смрт или здравствени проблеми, а од славниот актер се простија и неговите колеги и пријатели преку Твитер.
Да потсетиме, Глас се појави во две епизоди од култните „Пријатели“ во улогата на адвокатот на Рос, за време на разводот, а беше и познат по играњето на прочуениот детектив Рон Харис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
-

Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата
-

ЗОИ 2026 без допинг афера, прв пат по 28 години
-

По долго време се открива уште едно скриено богатство на Стоби - мозаик во Куќата на Партениј
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
