-->
-->
Гранд Канарија му даде теоретска шанса на МЗТ Скопје
-->

Екипата на Гранд Канарија забележа победа во дуелот со Лиеткабелис, со што му овозможи теоретска шанса на МЗТ Скопје да ја мине групната фаза во кошаркарскиот Еврокуп.
Во натпревар од 7.коло на групата А, во која настапува и македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, тим на Гранд Канарија ја оправда фаворитската улога во дуелот против Нижни Новгород победувајќи со 98-87.
Со оваа победа шпанската екипа, ги продолжи шансите на МЗТ Скопје за освојување на четвртото место кое носи пласман во следната рунда.
Во вториот натпревар од групата, кој беше многу понеизвесен, а се играше во Литванија, хрватскиот првак Цедевита го совлада Лиеткабелис минимално со 69-68.
Гранд Канарија со скор од 5 победи и 1 пораз ена врвот на табелата, пред Цедевита која има 4-2 и Лиеткабелис со 3-3. Рускката екипа на Нижни Новгород која во Скопје ќе гостува на 14 декемви има скор 2-3, додека МЗТ Скопје досега нема победа на петте одиграни натпревари.
Во следното коло на 30 ноември, МЗТ Скопје гостува во Загреб кај Цедевита.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шпанија со пресврт ја победи Хрватска
-

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир
-

Трамп: Никој не знае кој управува со Иран
-

Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм
-

Киев рано утрово повторно цел на руски напади со ракети и дронови
-

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа
-

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
