-->
-->
Червар: Ме разочара делењето на судиската (не)правда
-->

По натпреварот Вардар - Металург во ракометната СЕХА-лигата, во која црвено-црните победија со 31:29, свое видување за натпреварот дадоа тренерите на двете екипи.
Предводникот на Металург, Лино Червар имаше замерки за судењето.
- И честитам на екипата на Вардар за победата и и посакувам успех во Лигата на шампионите, да стигне што е можно подалеку, бидејќи тоа е успех и за македонскиот ракомет. Денеска одигравме колку што можевме, ако се знае дека вчера сменивме три авиони за да стигнеме во Скопје, а утрово дури и одработивме тренинг. Мојот тим се бореше добро, колку што можеше, но сепак, тоа што посебно ме разочара е делењето на судиската правда, поточно на неправда на денешниот натпревар. Ние работиме добра работа, но се чини дека тоа некому му пречи. Горд сум на мојот тим, бидејќи ја имаме најмладата надворешна бековска тројка, во која Талески, Кузмановски и Велковски имаат по 20, односно 19 години, изјави хрватскиот стручњак.
Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес задоволен од резултатот по кој неговиот тим се зацврсти на врвот на табелата во регионалното натпреварување.
- Металург денеска одигра квалитетен натпрeвар и беа подобри од нас во првото полувреме. Сепак, треба да бидеме задоволни бидејќи сме на врвот на Регионалната лига и во Лигата на шампионите, што не е мала работа, рече Гонзалес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
