Врачени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје за 2016 година
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, синоќа на свеченост во Македонската опера и балет им ги врачи на годинашните добитници наградите „13 Ноември“.
Трајановски истакна дека традиционалната годишна награда за особени достигнувања и остварувања во сите сегменти на животот, е знак на признание на Градот Скопје кон сите оние кои што со својот труд и достигнувања придонеле за неговиот развојот, но и за севкупниот напредок и афирмација Македонија, во и надвор од нејзините граници.
Добитници на Наградата „13 Ноември“ од областа на науката се Михаил Гаревски, Аслан Хамили и Томислав Димишковски.
Наградени од областа на уметноста се Мушереф Лозана Прекиќ, Летка Полизова Димовска, а од областа на културата награден е Александар Кујунџиски.
Од областа на публицистиката и архитектурата добитник на наградата „13 Ноември“ е Вангел Божиновски, а од областа на хуманитарната активност Алмина Алиловиќ.
Наградени ученици и студенти се Ева Карамановска од ООУ „Рајко Жинзифов“ и Марко Наумовски од СУГС„д-р Панче Караѓозов“ за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннатавните активности.
Во името на добитниците на Наградата „ 13 Ноември“ на Град Скопје за 2016 година се обрати архитектот Вангел Божиновски.
Во рамки на свеченоста, во фоајето на МОБ беше отворена и изложба на ликовните дела, што беа насликани на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“, а по доделувањето на наградите, во чест на добитниците и по повод празникот на Скопје, настапи хорот „Св. Злата Мегленска“, а беше изведена и оперетата „Глорија“.
Ново на Сител
-
Бошков: Бизнис конфедерацијата на Македонија се залага работниците и работовачите сами да преговараат за минималната плата
-
Фицо: Словачка не се обврза на финансиска или воена помош за Украина
-
Запален отпад и стрниште на висок предел во Мариово
-
Трамп рече дека му било полесно да преговара со Русија отколку со Украина
-
Зеленски: Украина сака мир „што е можно поскоро“
-
Хрватска планира да набави до 50 германски тенкови Леопард 2А8
-
Навивачите на Манчестер Јунајтед најавуваат протестен марш во недела
-
Гвардиола: Нема да биде крај на светот ако Манчестер Сити не се пласира во Лигата на шампионите