Референдум за прогласување на сојузна држава на округот Колумбија
Избирачите во округот Колумбија, каде се наоѓа главниот град на САД, Вашингтон, на 8. ноември освен за претседател ќе гласаат и на првиот референдум за отцепување на округот како 51. американска држава.
Поддржувачите на референдумот потенцираат дека ако се одделат како држава ќе биде ставен крај на статусот на граѓаните на Вашингтон како граѓани од втор ред, кои не се претставени во Конгресот.
Противниците на референдумот истакнуваат дека е изгубена кауза бидејќи за тоа да се оствари треба измени на Уставот на САД, кој од 1789 година само 17 пати.
Округот Колумбија е создаден како главен град на САД, а не како држава. Округот има 672.000 жители и немаат право на глас во Сенатот или Претставничкиот дом и покрај што плаќаат федерални даноци, но имаат претставник во Долниот дом.
Гласањето со „да“ ќе помогне да се изврши притисок врз новиот Конгрес и претседател да го прогласат округот Колумбија како нова држава, иако дури и поддржувачите на идејата признаваат дека малку веројатно е тоа да се случи наскоро.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик