Кошарка
29. October 2016 - 10:50

Незаборавна вечер на Расел Весбрук со 51 поен

 
 Првиот играч на Оклахома Сити, Расел Весбрук ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата. 
 
Вестбрук имаше трипл-дабл од 51 поен, 13 скока и 10 асистенции во триумфот на „Тандерс“ пред своите симпатизери во дуелот со Феникс од 113:100 по продолжението.
 
Ова беше 38-ми трипл-дабл за Весбрук кој го надмина и легендарниот Карим Абдул-Џабар, кој во 1975 година имаше трипл-дабл, но со 50 реализирани поени поени.
 
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати: 
Торонто - Кливленд 91:94, Бруклин - Индијана 103:94, Детроит -Орландо 108:92, Мајами - Шарлот 91:97, Далас - Хјустон 98:106, Јута - ЛА Лејкерс 96:89, Њу Орленс - Голден стејт 114:122.