Македонија
19. October 2016 - 8:26

Вечер на француска музика и поезија во Музеј на град Скопје

Во Музеј на град Скопје ќе се одржи вечер на француска музика и поезија „Патување низ стихови и музика“ со поетесата Лор Камбо.

Вечерта на француската музика и поезија ја организираат Францускиот институт во Скопје и Музејот на град Скопје.

Лор Камбо е пијанистка и поетеса, која настапува со бројни лирски изведувачи, а нејзините стихови се присутни во голем број списанија и антологии.

На програмата се дела од Ерик Сати, Франсис Пуленк, Бела Барток, Ејтор Вила-Лобос, Луј-Моро Готшалк, како и читање на извадоци од поеми на авторката. 

По настапот во Скопје, пијанистката Камбо ќе учествува на Фестивалот на поезија „Наим Фрашери“ во Тетово.