-->
-->
Изградба на нова амбуланта во Миладиновци
-->

Во населеното место Миладиновци во Општина Илинден, на површина од 250 метри квадратни, се гради нова амбуланта која ќе овозможи здравствени услуги за жителите од Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци.
Амбуланта ќе располага со две ординации за општа медицина, стоматолошка ординација, просторија за вакцинација, просторија за интервенција, лабораторија, аптека, чекална, како и оптимален број на тоалети за пациентите.
Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 14 милиони денари, средства обезбедени согласно трипартитниот договор помеѓу Министерството за Здравство, Општина Илинден и Здравствен дом Скопје.
Рокот за изградба е до крајот на септември оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
