Во тек е реконструкција на водоводот во село Требеништа

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности што се одвиваат во селото Требеништа, каде во тек е реконструкција на водоводната мрежа.
Реконструкцијата предвидува изградба на нова водоводна мрежа со вкупна должина од 6,5 км, изведена од полиетиленски цевки со дијаметар ф-110мм, ф-90мм и ф-75мм. Досега се поставени повеќе од два километри од предвидената водоводна мрежа.
Реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа е дел од Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води" што се реализира со средства обезбедени од Европската инвестициска банка, во висина од 5,7 милиони денари.
- Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ има за цел подобрување на условите и подигнување на квалитетот на живот, посебно во руралните средини и е дел од политиките на Владата на Република Македонија за рамномерен регионален развој. Неговата реализација значително ќе ги подобри квалитетот, ефикасноста, достапноста и сигурноста во овозможувањето на комунални услуги на населението, со што се дава позитивен импулс за натамошен развој на населените места во кои се рашава проблемот со водоснабдување, изјави Трајкоски.
Со реконструкцијата на водоводната мрежа во селото како и со новоизградениот резервоар за вода за пиење, трајно се решаваат долгогодишните проблеми на жителите на селото Требеништа со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на живот, како и поефикасно управување со ситемот за водоснабдување.
Ново на Сител
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
-

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари
-

Трамп ја нарече Канада една од „најлошите земји“ за преговори во услови на трговската војна
-

Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години
-

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

Во вториот квартал од годинава за 1,5 отсто намален бројот на невработени лица
-

ЕК објави распоред на летното и зимското сметање на времето за следните пет години
