Македонија
5. October 2016 - 8:57

Во 12 сообраќајки во Скопје, 9 лица повредени

На подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 12 сообраќајни несреќи, од кои три се со материјална штета и осум се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле осум лица. 

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник во автобус.

Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. 

Санкционирани се 17 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци и 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 75 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Димитар Милошевски“ со учениците од трето одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Ѓорче Петров.

Со почеток во 17:00 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на АББА-лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу Карпош Соколи и Игокеа. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.