Сегашниот безбедносен систем на земјава не дава соодветен одговор на загрозувањата
Изградба на флексибилен, ефикасен, технички модернизиран концепт на безбедност на институционално ниво, способен за анализа и проценување на заканите, како и формирање на мултиинституционален систем за соодветен одговор кон истите. Ова се само дел од заклучоците на научно-стручната дебата на тема „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Македонија во кризна и сложена безбедносна состојба-менаџирање и справување со кризи“.
Република Македонија, според министерот Оливер Спасовки со својата местоположба, со јасно декларирани национални приоритети, целосна интеграција во евроатлантските структури, не е заобиколена од разните форми и видови на безбедносни ризици.
Спасовски нагласи дека државата мора да биде заштитена, но, потенцира, не од граѓаните, туку во интерес на граѓаните кои се смисолот за постоење на државата.
Според Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност, дел од системот веќе се наоѓа на апарати за вештачко дишење и не дава соодветен одговор на загрозувањата, и потребно е реформа на целокупниот безбедносен систем на државата.
Тој смета дека се потребни реформи на тајните служби меѓу кои е безбедносната контрола и проверка на разузнавачката и контраразузнавачката служба, одвојување на одделот за следење на комуникациите како посебно тело како и департизација на раководните структури на службите и др.
-
Митко Сланинкоски
Сите содржини од овој новинар
