Стручни обуки за осудените лица во затворите во Штип и Тетово
Здружението и Институт за развој на заедницата од Тетово во партнерство со ДДВ од Германија денеска во Штип одржа работилница насловена „Стручно образование и обука: Нов пристап за ефективна социјална вклученост.“
Координаторот на проектот Сретен Коцески вели дека целта е да се понуди стручно образование на осудените лица во затворите, кое по издржувањето на казната ќе им помогне да бидат конкуретни на пазарот и да се интегираат во заедницата.
- Во рамките на проектот обезбедуваме поддршка на затворите во Штип и Тетово. Спроведуваме обуки за осудените лица и обуките се за компјутерски вештини, за англиски јазик, пекар, бербер, за холтикултурно уредување, се со цел осудените лица да бидат конкурентни на пазарот на труд по завршување на казната, вели Коцески.
Преку овој проект, кој е финансиран од фондовите на ЕУ се обезбедуваат финасиски средства, компјутери и друга опрема за реализација на обуките за осудените лица.
- Со обуките треба да бидат опфатени 160 лица, по 80 во Тетово и Штип. Во моментов завршивме со дефинирање на списоците. Навистина постои голем интерес од нивна страна. Имаме поголем број на пријавени кои би сакале да учествуваат во повеќе од еден курс. Така што до крајот на месецот би требало да завршат формалностите и обуките да запознат, рече Коцеси.
Обуките за осудените лица ќе траат три месеци во затворите во Штип и Тетово. Организаторите се надеваат дека по завршувањето на овие обуки ќе продолжат со нив опфаќајќи и други осудени лица, бидејќи ќе имаат опрема со која ќе можат да ги извршуваат.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот