Напаѓачот во Минесота бил „воин на ИД“

Лицето што синоќа при напад со нож им нанесе повреди на најмалку осум лица во еден трговски центар во американската сојузна држава Минесота, бил „воин на Ислмаската држава“, информира денеска агенцијата Амак, која е поврзана со џихадистичката група ИД.
- Извршителот на вчерашниот напад со нож во Минесота беше воин на Исламската држава, кој дејствувал како реакција на повиците на групата за напади врз граѓани на државите вклучени во коалицијата на крстоносците, тврди Амак.
Нападот се случи во местото Сент Клауд во Минесота, на околу 110 километри северозападно од Индијанополис, при што полицијата го уби напаѓачот.
Никој од повредените не се наоѓа во животна опасност.
Сведоци на инцидентот за американските медиуми изјавија дека непосредно пред да биде застрелан, напаѓачот извикувал пораки со кои го величел Алах.
Властите, сепак, не го оквалификуваа нападот како терористички чин.
Полицијата не го обелодени идентитетот на убиениот напаѓач, освен што соопшти дека тој бил облечен во униформа на приватна компанија за обезбедување.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нервозни зошто Артан Груби е уапсен и може да изнесе податоци за криминалите на Заев, Филипче и Спасовски
-

Кривична за поранешен директор на Здравствен дом Куманово, незаконски вработувал лица во установата
-

Следува период на стабилно и суво време
-

Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
