Јавен повик за 25 милиони евра за капитални проекти во општините
Министерството за финансии денеска објави јавен повик до општините за да аплицираат за средствата за Вториот проект за подобрување на општински услуги -МСИП 2. Средствата во износ од 25 милиони евра се обезбедени преку Светска банка и се наменети за капитални проекти во општините со кои ќе се подобрат условите за живеење.
Условите под кои општините ќе можат да аплицираат за средства од проектот се исклучително поволни - рок на отплата до 13 години со вклучен грејс период до 3 години и каматна стапка која е еднаква на каматата што ја плаќа Република Македонија кон Светска банка, односно 6-месечен Еурибор.
Средствата од проектот ќе се алоцираат по принцип „прва пријавена - прва услужена општина“ врз основа на одобрена техничка документација во согласност со критериумите од проектот.
Краен рок за доставување на апликациите од општините е два месеца од денот на објавување на повикот, односно најдоцна до 7 ноември 2016 година.
Во рамки на средствата кои ги има одобрено Светска банка за проектот МСИП 2, освен за заеми за капитални проекти, предвидени се и средства за грантови за општините за инвестирање во подобрување на инфраструктурата во посиромашните и маргинализирани делови во нивна надлежност, како и средства за техничка поддршка на општините.
МСИП 2 претставува продолжение на Проектот за подобрување општински услуги МСИП 1, кој беше во износ од 56 милиони евра. Со средствата од МСИП 1 се поддржани 68 капитални проекти во 53 општини. Станува збор за локални патишта, водоводи, училишта, детски градинки и други капитални проекти кои имаат за цел да го подобрат животот во тие општини.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие