Отворна изложба “Чаршијата во Кавадарци, некогаш и сега”
Во рамки на манифестацијата “Тиквешки гроздобер 2016”, денеска во музеј галеријата во Кавадарци, беше отворена изложба на фотографии насловена „Чаршијата во Кавадарци, некогаш и денес”, од авторите Петре Камчевски и Димитар Мурџев.
На 40 паноа, претставени се повеќе од стотина фотографии. Најстарата, датира од 1915 година.
- Бездруго најубавиот запис за Кавадарци го има дадено македонскиот писател Лазо Каровски, по потекло од Кавадарци, во неговиот роман “Заорок”. На многу убав начин ја опишува чаршијата во Кавадарци од крајот на деветнаесетиот и почетокот на дваесетиот век. Тој на едно место вели дека ако сакате да ја видите душата на градот, видете ја неговата чаршија, таа е негово огледало, рече Камчевски во своето обраќање.
Тој информираше дека Кавадарци уште во 1664 година имал седумдесетина занаетчиски и трговски дуќани, два трговски ана и организиран градски живот. Првиот запис за кавадаречката чаршија го направил патописецот Евлија Челебија. За прв пат во македонската историографија, Кавадарци како населено место се споменува во 1519 година како мала рурална населба во составот на Ќустендилскиот санџак.
- Во чаршијата се вршел целокупниот јавен живот, тука биле концентрирани најголемиот дел од занаетчиските и трговските дуќани во градот. Во чаршијата на едно поголемо багремово дрво имало закачено ѕвонец, со чие што ѕвонење со изгревот на сонцето се отворала чаршијата, а со негово повторно чукање со залезот на сонцето, чаршијата се затворала. На истото дрво имало и кантар на кој се мерела целата стока што се носела на пазар или пак се продавала во чаршијата, соопшти Камчевски.
Задоволство од една ваква изложба која кај многумина од многубројните присутни предизвика и емоции, изрази и градоначалникот Александар Панов.
- Луѓе од различни возрасти имаат своја приказна за тоа како изгледала чаршијата во нивно време. Многу од нашите повозрасни сограѓани преку овие фотографии се потсетија на детството и младоста. Токму на чаршијата, сегашниот градски плоштад, овие три дена имаме бројни настани кои ќе бидат посетени од многу луѓе, изјави Панов.
Ново на Сител
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот