Mодернизација на системот за улично осветлување во Кочани
Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски и претставници од белградската компанија „Минел Шредер“ денеска потпишаа нов договор за продолжување на модернизацијата на јавното осветлување во Кочани.
Со овој договор ќе се прошири опфатот за осветлување на темните места, односно ќе продолжат активностите за замена на 957 и поставување на нови 124 светилки во градот и во населените места во полскиот и во планинскиот кочански предел на осоговијата.
- Според договорот, ќе се постават нови столбови и ќе се врши замена на стари, ќе се заменуваат каблите и останатите живини светилки – со нови, ЛЕД-светилки. Со реализацијата и на овој дел, Кочани ќе биде првата општина во Република Македонија што има целосно јавно осветлување по најсовремена технологија којашто овозможува заштеда на електрична енергија и заштеда во одржувањето, истакна градоначалникот Димитровски.
Модернизацијата на системот за јавно осветлување во Кочани, нагласи тој, започна да се реализира минатата година, при што беа поставени околу три илјади ЛЕД-светилки, што резултираше со подобрена осветленост за 50 проценти и намалена потрошувачка на електрична енергија за повеќе од 60 проценти.
Ново на Сител
-
Три лица повредени, меѓу нив и малолетник кога возило излета од патот во Скопско
-
Во тек е кампањата „Носи кацига“
-
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
-
Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
-
Воз удрил во автомобил во Драчево
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист