Македонија
30. August 2016 - 9:03

Договор за санација и превенција од поплави во Полошко

Во Министерството за локална самоуправа денеска ќе биде потпишан Договор за отпочнување на санација на критичните точки и превенција од поплави во Полошкиот плански регион.

Договорот ќе го потпишат министерката за локална самоуправа Ширет Елези и специјалниот претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон.