Цените на индустриските производители во јуни пониски
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се пониски за 1 отсто на месечно ниво, а повисоки за 0,4 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државникот завод за статистика во јули 2016, во споредба со јуни 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1 отсто и Енергија за 0,2 отсто, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка нема промена.
Во јули 2016, во споредба со јули 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 7,5 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,8 отсто, Енергија за 1,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.
Ново на Сител
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената