-->
-->
Променливо облачно и посвежо време
-->
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо, на места значително облачно и посвежо, со локални врнежи од дожд со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. Температурата на воздухот ќе биде значително пониска во однос на претходните денови.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде значително облачно, доста посвежо и ветровито со засилен северен ветер. Ќе има услови и за повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 4.
Слично време се очекува и утре, а од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера