Културно хуманитарениот настан - „Кокино тврдина на сонцето“
На локалитетот Кокино вчера се одржа културно едукативна манифестација насловена „Кокино – тврдина на сонцето“. Манифестацијата е дел од проектот на владата „Кокино македонски бренд“ кој што започнува да се реализира од оваа година а ќе трае наредните четири. Министерката за култура Елизабета Канчевска - Милевска истакна дека се радува што овој настан предизвика голем интерес кај јавноста и нагласи дека во наредниот период се планирани активности за доопремување на локалитетот.
- Формирање на центар за едукација, хортикултурно уредување, семинари изложби, сувенирница место за одмор, уредување на патеки и конзервација и заштита, четири годишен проект средства од министерство за култура од 2018 година, вели Елизабета Канчевска – Милевска, министер за култура на Македонија
На настанот кој имаше едукативен и културен карактер се одржаа работилници и предавања од области, филигрантство, керамика, астрологија, оригами и компостирање. Главната сцена беше отворена со поетско читање, а потоа настапија Мухамед Ибраими, Фолтин и Кирил Џајковски. Директорката на националната установа Музеј Куманово, Анита Цветановска, посочи дека во наредниот период ќе започнат археолошки истражувања на јужниот дел на Кокино.
- Оваа година се превземени повеќе активности за кокино направен е веб сајт кокино . мк направен е краткометражќен филм поставени се нови патокази и табли и посетителите кои пристигнуваат на кокино има мало објаснување двојазично нормално за да знаат каде се наоѓаат и што се случува на местото каде што се наоѓаат, вели Анита Цветановска, директор на Н.У Музеј – Куманово
Настанот имаше и хуманитарен карактер, така што соберените средства ќе бидат донирани на погодените граѓани од поплавените подрачја.
-
Драган Ивановски
Сите содржини од овој новинар
