Филмот „Борба за смрт“ ќе биде прикажан на четири фестивали
Краткометражниот филм „Борба за смрт“ на Елеонора Венинова ќе биде прикажан на четири фестивали во текот на овој и следниот месец.
Филмот ќе има проекции на канадскиот „Монтреал ворлд филм фестивал“, „Енкаунтерс шорт филм енд анимејшн фестивал“ во Бристол, на „Меѓународниот фестивал за краток филм во Драма, Грција и на шведскиот „Лајв ет харт“ фестивал.
- За нас како екипа значајно е тоа што филмот се прикажува на фестивали кои важат за квалификациски за „Оскар“ и за други европски награди. Односно, за да влезе некој филм во конкренција за оваа награда, или за БАФТА, мора да победи на некој од нивните квалификациски фестивали. „Борба за смрт“ ќе биде на програмата токму на вакви фестивали. Се надеваме дека ќе имаме успех, истакнува продуцентот Гоце Кралевски од „ДНФ филмс“.
Режисерката Венинова вели дека тоа што филмот ќе се прикажува по фестивали од Индија до Канада е знак дека успеале да раскажат приказна која зборува за универзалните човечки судбини, а истовремено ја отсликува болната македонска реалност.
Филмот раскажува за двајца старци кои се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село.
Филмот е сниман минатото лето во мариовското село Кален. Сценариото и режијата се на Елеонора Венинова, а директор на фотографија е Димо Попов. Двајцата дедовци во филмот ги глумат актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски.
Сценариото за филмот учестуваше на неколку работилници за развој на кратки филмови во Литванија, Романија и во Грција. Минатата година освои награда за најдобро сценарио на „Драма пичинг лаб“, работилница што се одржа во рамки на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција.
Филмот „Борба за смрт“ го финансира Агенцијата за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Собранието усвои десет предлог-закони со кои се доуредуваат надлежностите на Министерството за енергетика
-
Ацевски: И по 28 години немаме железничка пруга, а прашање е и колку изгубивме за 10 години додека се гради автопатот Кичево - Охрид
-
ЦУК: Владата и одобри на ДЗС да ангажира двајца пензионирани пилоти на Ер трактори
-
СДСМ: Пола милијарда кредит во четири очи, дали е ова цената на чувањето на Груевски на безбедно?
-
Собраниската Комисија за економски прашања поддржа десет предлог-закони со кои се доуредуваат надлежностите на Министерството за енергетика
-
Израел испраќа делегација во Каиро за понатамошни мировни преговори
-
Завршна декларација од Самитот на НАТО во Вашингтон: Непоколеблива посветеност на колективната одбрана
-
РЗС: Просечната возраст на населението во Србија е 43,9 години