Бизнис
19. August 2016 - 11:27

Зајакнувањето на рубљата не значи и заздравување на руската економија

Блумберг - Њујорк

Активностите на меѓународните инвеститори кои играат на порастот на курсот на руската рубља и на други руски активи, се мерило за нивниот очај. Дури и гласините за подготовка на голема акција на Русија во Украина се покажуваат скоро неосновани, во руската економија нема ништо кое може да поттикне бум на активите и е само прашање на време кога централната банка на Русија ќе биде принудена да ја ослаби националната ваулта.

Од почетокот на годинава, рубљата беше трета на списокот на валути кои носеа најголем профит за кери трејдерите, кои земаат на заем американски долари за да купуваат обврзници во други валути.

Варијациите на курсот на доларот се совпаѓаат со колебањата на цените на натата, што пак е целосно нормално кога Русија е најголемиот извозник во светот на енергетски ресурси, но успева веќе долго време да се задржи на површината кога цените на нафтата паѓаат. Последниот таков период започна на почетокот на јули.

Дејствијата на кери трејдерите се главната причина сега руската валута да ги зајакнува своите позиции. Набљудувачи се обидуваат да го откријат сигналот за тоа дека руската економија, која е во рецесија веќе втора година, веројатно ќе почнува да заздравува. Но само што тоа кое тие го констатираат, тешко може да се определи како реална причина за зајакнување на рубљата. Во второто тримесечје на годинава, обемот на БДП на Русија опаднал за 0,6 проценти, што е помалку од очекувањата на повеќето аналитичари, за пад од 0,8 проценти. Во споредба со истиот период минатата година, во Русија беше забележан благ пораст на потрошувачка на електрична енергија и на обемот на транспортираните товари. При сето тоа, варијациите едвај можат да се прифафат како сигнал за заздравување. Со извештаите за сезонските фактори во второто тримесечје, индустриското производство малку опаднало. Трговијата на големо и инвестициите останаа под нивото од минатата година.

Владата на Русија не направи ништо за да го стимулира економскиот раст: не ја поттикнуваше потрошувачката, не ги зголеми расходите, не ги олабави законите, ниту пак ја зголеми заштитата за инвеститорите. Централната банка пак не побрза да ги намали каматите на кредитирањето. На крајот на јули, нејзиното раководство одлучи да ја остави флуктуирачката камата на ниво од 10,5 проценти, што им овозможи на кери трејдерите да продолжат да трупаат видоки приходи, но од друга страна им отежни на бизнисите да дојдат до средства за инвестиции. Оваа година основната камата беше проценета само еднаш, во јуни, кога од 11 беше намалена на 10,5 проценти.

Централната банка го фокусирала вниманието кон инфлацијата. Според нејзии прогнози, следната година нивото на инфлацијата треба да падне под прагот од пет проценти. Тоа е благородна цел, која всушност не баш и одговара на потребите на владата. Буџетот за 2016 година е пресметан при цена на натата не помала од 3150 рубљи за барел, или 48,75 долари по сегашниот курс. Во првата половина од годинава, цената на руската нафта просечно била 37,80 долари за барел, што значи дка во буџетот се создал многу поголем дефицит од очекуваниот, кој треба да биде покриен. Освен тоа, постојат и ризици заради намалувањето на извозот и на ненафтените стоки заради претерано високиот курс на рубљата.

На крајот на јули, економскиот советник на Путин, Андреј Белусов, кој силно верува во стимулите на фискалната политика, се пожали дека рубљата станала премногу силна и претседателот Путин исто така, како ехо, изрази загриженост по тој повод, но очигледно не доволно за централната банка да почувствува неопходност да реагира. Всушност, централната банка даде изјава дека не планира да ја ослаби рубљата.

Централната банка би можела да и помогне на владата ако започне да купува долари на отворениот пазар, за да ги зголеми златно-валутните резерви. Во извесна мера таа и го прави тоа: годинава, обемот на резерви на злато и валути постепено растеше. само што тоа е недоволно за да се создаде отпор на притисокот кои го прават кери трејдерите.

Во Русија има многу аналитичари кои ќе ви кажат дека рубљата е праведно проценета. Зависноста на Русија од извозот на нафта малку се намали кога цената на црното злато падна. Годинава Русија стана најголемиот извозник на пченица. Нејзиниот земјоделски сектор имаше корист од ембаргото на увоз на западни прехранбени стоки и од значително нискиот курс на рубљата минатата година. Економијата на Русија сега со сигурност е постабилна отколку во периодот на пофетинувањето на нафтата и непосредно по анектирањето на Крим. Инвеститорите веќе се навикнаа на сегашната ситуација во Русија: таа не е ниту изолирана парохија, ниту пак е економски центар. Таа е земја која е целосно погодна за трговија, додека каматите се негативни во посигурните убежишта.

Веројатно тоа е грешка. Руската економија е приклештена во менгеме. Путин не е подготвен да дозволи поголема економска слобода или да почне распродавање на голем дел од суровинската економија на Русија. Приватизирањето на делови од нафтени компании што според плановите треба да покрие дел од буџетскиот дефицит за годинава, не оди толку мазно колку што се очекуваше. Игор Сечин, шефот на Роснефт, најголемата нафтена компанија во Русија, од која дел од акциите владата сака да продаде, се фокусира на дел од Башнт, другата нафтена компанија која е подготвена за продажба на активи. Условите на Роснефт за нејзино приватизирање се напишани така што новите инвеститори ќе имаат најмало можно влијание во управувањето на компанијата.

Путин е зафатен со промените внатре во неговиот тим: неодамна тој покажа дека е подготвен за смени некои свои стари другари и другарки, и да назначи на клучни позици нова генерацја бирократи, од кои повеќето се поранешни офицери од силите за безбедност. Во петокот на 12 август, Путин го сени чесфот на својата администрација, Сергеј Иванов- еден од неговите најблиски соборци во изминатите повеќе години - и го смени со поранешниот дипломат Антон Бајно. Само што кога станува збор за економијата, Путин изгледа не е во ситуација да примени било каква промена во бетонираниот систем кој тој го изгради. Тој може да разговара со експерти за алтернативни сценарија, но е многу повеќе заинтересиран за своите геополитички игри во Сирија и Украина отколку за обидите да се сопре раширената рецесија.

Тоа значи дека владата и централната банка во краен случај ќе бидат принудени да го намалат курсот на рубљата, и така буџетскиот дефицит ќе биде покриен. Целите на инфлацијата повторно ќе бидат сменети: тие и куповната моќ на русите имаат многу помало значење за Путин во споредба со неговата способност да ја задржи контролата врз буквално секој аспект од живото во неговата земја. По парламентарните избори во септември, чии резултати точно со сигурност ќе извојуваат победа за путиновата партија Обединета Русија,. ќе останат уште помалку причини да се наметнува значително покачување на цените. Тогаш централната банка може да изврши поголем притисок врз рубљата.