Фараж: Јас ја уништив екстремната десница во Велкика Британија

Еден од водечките заговорници на Брегзит, Најџел Фараж, кој неодамна го најави напуштањето на политиката, изјави дека благодарение на него е уништена екстремната десница во Велика Британија.
Во интервју за телевизијата „Раша Тудеј“ тој негираше дека кампањата за Брегзит придонела за растечки тензии во земјата.
-Дали се чувствувам одговорен за тоа што луѓето зборуваат екстремни работи? Напротив. Па јас самиот ја уништив десницата во британската политика, а тоа не е така лошо, рече лидерот во заминување на евроскептичната партија Укип.
Фараж потсети дека во земјата постоеше екстремно десничарска партија БНП, која беше против Евреите, црнците...
-Јас на нивните избирачи им кажав дека доколку од протест гласаат за оваа партија тоа да него прават, да дојдат и да гласаат за мене. Јас не бев против никого, јас само сакав Британците да ги ставам на прво место, рече Фараж.
Тој не сака да се врати во политиката, ниту да се меша во работата на својата партија.
-Јас сум пензиониран лидер на партија. На оваа партија и дадов 25 години и тоа е доста, рече Фараж.
Ново на Сител
-

Во касарната „Гоце Делчев“ постројување на доброволните пожарникари од целата држава
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
-

СП 2026: Дешан – Многу сме разочарани
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
