Изработена 90-метарска пура во чест на 90-от роденден на Фидел Кастро

Кубанецот Хосе Кастелар, познат како Куето, кој е веќе носител на пет Гинисови рекорди за најдолга пура, изработи 90-метарска пура, која рачно ја завитка по повод 90-от роденден на Фидел Кастро.
Оваа пура може да му ја донесе и шестата титула.
- Пурата е долга 90 метри, по повод 90-от роденден на нашиот лидер, изјави Куето за време на нејзиното презентирање.
Тој објасни дека не го познава лично кубанскиот лидер, кој се повлече од власта пред 10 години и не пуши пури веќе 30 години.
- Тој одамна не пуши пури, но ние му ја подаруваме за да го одбележиме неговиот роденден, истакна 72-годишниот Кастелар, кој витка пури од својата пет годишна возраст.
Тој започнал да ја подготвува пурата на 2 август, а работел по 12 часа со помош на група соработници.
Ново на Сител
-

Шпанија со пресврт ја победи Хрватска
-

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир
-

Трамп: Никој не знае кој управува со Иран
-

Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм
-

Киев рано утрово повторно цел на руски напади со ракети и дронови
-

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа
-

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
