Бразилците вчера побараа оставка од претседателката Дилма Русеф

Околу 900. 000 лица учествуваа во протестите низ цел Бразил со барањето за оставка на левичарската претседателка Дилма Русеф, чие владеење е обременето од корупциски скандал и е проследено со економска и политичка криза, пренесоа француските медиуми.
Според организаторите на протестите, на улиците излегле два милиона Бразилци.
Според податоци на полицијата, најмалку 886.000 лица, облечени во националните бои - зелената и жолтата, учествувале во мирните демонстрации.
Учесниците ги вееја бразилските знамиња и носеа транспаренти „Дилма надвор!“ и „Не на корупцијата“. Организатори на протестите се десничарски граѓански движења, поддржани од некои опозициски партии. Според нив, само во економската престолнина на земјата, Сао Паоло, во протестите учествувале еден милион лица.
Владата соопшти дека протестите минале во демократска атмосфера.
Русеф (64) во јануари го почна својот втор претседателски мандат, откако во октомври минатата година беше реизбрана на функцијата. За неколку месеци нејзината популарност опадна до историски минимум од осум проценти. Рецесијата во земјата ја принуди да наметне непопуларни мерки за економески ограничувања, корупцискиот скандал околу државната нафтена компанија „Петробраз“ ја вплетка владеачката Работничка партија и нејзините сојузници, а политичката криза се заканува со распаѓање на кревкото владино мнозинство.
Русеф, поранешна учесничка во отпорот против некогашната воена диктатура, изјавува дека нема да отстапи ниту пред заканите, ниту под притисокот и напомена дека е избрана со гласот на народот, посочуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
-

Поради украинските напади врз рафинериите, Русија принудена да увезува горива
-

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица
-

Кривичнa за четири лица од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари
-

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени
-

Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила
-

Шпанија ќе премести околу 500 малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата
-

Принцот Хари и неговата сопруга Меган се враќаат во Велика Британија
