Во Општина Кисела Вода се санираат последиците од синоќешното невреме

Општина Кисела Вода интензивно работи на расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје и кое предизвика поплави.
Се интервенира со потребна механизација на сите локации каде се забележани последици од силните врнежи на дожд, силните електрични празнења и ветерот со голема брзина.
- Со цел што повеќе да се намалат штетите и последиците од оваа елементарна непогода, од синоќа на терен се екипи од сите сектори од општината предводени од градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ, информира општина Кисела Вода.
Оттаму информираат дека се преземаат активности за санација и превенција од евентуални нови обилни врнежи. На терен е излезена Комисија за проценки на штети која врши увид и прави записник за поголемите проблеми кои ги предизвика оваа елементарна непогода. Сите месни и урбани заедници се отворени и ќе останат отворени во текот на ноќта и утре. Тимовите од кризниот штаб на општина Кисела Вода остануваат на терен се до комплетно стабилизирање на состојбата.
Општина Кисела Вода информира дека во координација со службите на Град Скопје, сите јавни претпријатија, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЕВН, Бригадата за противпожарна заштита, Итната медицинска помош и пајак службата ги користат сите расположливи средства за да им помогнат на граѓаните.
Ново на Сител
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
-

Сенегалски навивачи осудени на затворски казни за инцидентите на Африканскиот куп
-

Лишени од слобода двајца тиквешани кои возеле под дејство на алкохол
-

Мицкоски: Во процесот на пристапувањето во ЕУ Македонија е жрвта на класичен булинг, се повеќе политичари во Брисел го признаваат тоа
-

Вашингтон го предупреди Брисел да не ја ограничува набавката на американско оружје
