Ракомет
5. August 2016 - 16:26

ЕП ракомет: Македонските младинци поразени и од Србија

 Младата машка репрезентација на Македонија го претрпе и шестиот пораз на Европското првенство играчи до 20 години што се одржува во Данска. 
 
Во натпревар за пласман од 13 до 16 место избраниците на селекторот Александар Јовиќ се поразени во дуелот против врсниците од Србија со 29-21 полувреме 13-9.
 
Со само двајца расположени играчи Марко Нелоски кој постигна 7 и Филип Талески со 5 гола, македонските младинци и не можеа да се надеваат на триумф во дуелот со одлчно организираната и борбена српска селекција
 
Со овој пораз црвено-жолтите ќе се борат за бегство од дното на табелата, односно ќе играат меч за претпоследната позиција и тоа со поразениот од средбата Русија – Шведска.