Фудбал
4. August 2016 - 11:03

Рио 2016: Стартуваше женскиот фудбалски турнир

На дуелите од првото коло на женскиот фудбалски турнир на Олимписките игри во Рио немаше изненадувања и фаворитките постигнаа победи.
Во рамките на групата Е Шведска ја совлада Јужна Африка со 1:0, додека домаќинот Бразил беше подобар од Кина со 3:0.
Во групата Ф Канада славеше победа над Австралија со 2:0, а Германија беше поуспешна од Зимбабве со 6:1.
Во групата Г: САД – Нов Зеланд  2:0 и Франција – Колумбија 4:0.
Денеска на Олимписките игри на еден ден пред Свеченото отворање се играат натпреварите од 1.коло на машкиот фудбалски турнир.