Осуммина загинати при две експлозии близу аеродромот во Могадишу
Најмалку осум лица загинаа денеска при експлозија на две бомби во близина на аеродромот „Аден Аде" во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти претставник од силите за безбедност на Сомалија.
Првата експлозија се случила близу контролен пункт на патот кон аеродромот, а втората пред седиштето на ОН во Могадишу. Првата експлозија се претпоставува дека е предизвикана од автомобил бомба.
По двете експлозии следеле престрелки. Засега, никој не презеде одговорност за нападите, но тие укажуваат на методите на радикалната исламистичка група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.
Меѓународниот аеродром „Аден Аде", именуван по првиот претседател на Сомалија, се претвори во вистинска тврдина, откако во непосредна близина беше изграена главната база на Мировната мисија на Африканската унија во Сомалија. Мисијата составена од 22.000 војници, е вопсотавена во 2007 година со задача да и помага на нестабилната сомалиска Влада во борбата против Ал Шабаб.
Силите на Африканската унија ги поттиснаа борците на Ал Шабаб од сомалиската престолнина во август 2011 година. Потоа исламистите загубија голем дел од своите упортишта, но се уште контролираат поголем дел од руралните средини, откаде водат герилска борба и извршуваат самоубиствени напади, најчесто изведени во Могадишу.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени