Бан Ки-мун: Сексуалното насилство од мировниците е канцер за ОН

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун побара синоќа да бидат судени мировниците кои извршиле сексуално насилство и се закани дека ќе ги казни нивните команданти кои носат одговорност.
На затворена седница на СБ на ОН, свикана по скандалот со силување 12-годишно девојче во ЦАР, Бан ги нарече таквите криминални дејствија како „канцер“ во организмот на Светската организација.
Тој призна дека се испитуваат наводите од последните месеци за „сините шлемови“ во ЦАР и други држави. Нагласи дека во средата го разрешил шефот на мисијата на ОН во ЦАР, Бабакар Гаје, но вели дека сенегалскиот генерал не е последниот кој ќе поднесе одговорност за акциите на мировниците.
- Дојдов во Советот за безбедност со тешко срце за да исполнам една обврска - отворено и директно да се разгледа канцерот во нашиот организам кој нанесува штета на луѓето кои сме должни да ги заштитиме и на кои сме должни да им служиме, се вели во текстот на изјавата на Бан.
Ново на Сител
-

Краделе мебел, бела техника и радијатори кај браната Конско - приведени две лица
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивен правец на „Партизанска“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
