Се реконструираат средните училишта во Скопје

Град Скопје во текот на летниот распуст врши реконструкција на средните училишта за да ги подобри условите за работа. Летово градежни работи веќе се одвиваат во 16 средни училишта, а Град Скопје за реализација на овој проект од буџетот издвои околу 22,3 милиони денари.
Ова го истакна скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој денеска го посети средното училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ каде е во тек реконструкцијата на санитарните јазли.
- Во СУГС „Цветан Димов“ се реконструираат санитарните јазли и се санираат дефекти на фекалната канализација. Комплетно ќе се реновираат фекалната канализација и санатарните јазли на приземјето и на првиот кат на училиштето. За овој зафат Град Скопје од буџетот издвои околу милион денари. Паралелно со санитарните јазли во училиштето се врши и доопремување на кабинетите кои ќе ги користат учениците од медицинската струка. Во изминатите години во ова средно училиште беше заменета столаријата и покривот на објектот, рече Трајановски.
Град Скопје, како што рече тој, од 2009 до 2015 година за реконструкција и санација на средните училишта од буџетот има издвоено околу 227 милиони денари и со тоа значително ги подобривме функционалноста и изгледот на училишните објекти.
Директорот на СУГС „Цветан Димов“ Бесник Ајет, се заблагодари за поддршката што ја добиваат од Град Скопје и нагласи дека со овие градежни зафати ќе се подобрат условите за работа во училиштето.
Според планот за работа, за време на летниот распуст во СУГС, Георги Димитров“ се реконструира фасада на училиштето, во СУГС „Никола Карев“ се реконструира фискултурната сала, а во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ се реконструира подот во фискултурната сала. Во СУГС „Јосип Броз-Тито“ се заменува внатрешната столарија, во СУГС „Орце Николов“ се работи на реконструкција на санитарните јазли, а во СУГС„ Васил Антевски-Дрен“ се работи на реконструкција на прозорците.
Во СУГС „Марија Склодовска-Кири“ се врши реконструкција на подот во училниците, во СУГС „Димитар Влахов“ се врши реконструкција на спортски терен, а во СУГС „Браќа Миладиновци“ се работи на реконструкција на дворната површина во училиштето. Во СУГС „Боро Петрушевски“ се заменува стариот покрив со ребраст лим на помошен објект-работилница, а во СУГС „Зеф Љуш Марку“ се врши санација на покривот. Во средните училишта „Арсени Јовков“, „8 Септември“, „Здравко Цветковски“ и „Лазар Танев“ се реконструираат подовите во училиштата.
Ново на Сител
-

Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга, бараат „итен доказ дека се живи“
-

Следува потопло време, локални врнежи од дожд - пообилни кон средината на идната седмица
-

Уапсено лице од Дебрца, возел со 2,21 промили алкохол во крвта
-

Николоски: Брза пруга на Коридор 10, доизградба на Коридор 8, продолжуваме со крупни проекти во железницата
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
