Ракомет
14. January 2020 - 19:49

Македонија елиминирана од ЕП во ракомет

Ракометната репрезентација на Македонија е поразена со 32-28 од домаќинот Австрија во решавачкиот дуел за опстанок на ЕП и со тоа ги заврши натпреварите уште во првата фаза. 

Самиот почеток на натпреварот не навестуваше ништо добро за нашиот тим иако по водството на Австријците израмнивме на 4-4.  Но во продолжението беа направени неколку грешки  и заедно со промашените сигурни голови му овозможивме на противникот сигурно водство по првиот дел од 18-12. 
Во второто полувреме избраниците на селекторот Брестовац продолжија со бледата игра па во еден момент предноста на противникот достигна и 10 поени. 
На крајот успеавме да го ублажиме поразот и со само 4 погодоци негатива да го завршиме овој меч. 
Стоилов со 5 погодоци беше најефикасен во нашиот тим додека на спротивната страна се истакна Билик со 6 постигнати гола. 
Вториот патник од групата ќе биде познат по вечерашниот дуел помеѓу Чешка и Украина.