Бизарно но вистинито
13. August 2015 - 21:47

Што точно се случува кога мува ќе слета на вашата храна!?

Кога научните во текот на едно неодамнешно истражување ги прашале учесниците што најмногу би ги натерало да престанат да јадат - бубашваба, глушец, мува, мравка или змија во нивната чинија - на 61% од луѓето најмногу им се згадило од бубашвабата. Но научниците предупредуваат дека мувите, уствари, шират два пати повеќе бактерии, нарочито оние кои ги гледаме во својата куќа.
 
Мувите се хранат со некои најодвратни работи, како што се измет, ѓубре и лешеви од животни. Освен тоа, тие не можат да џвакаат, исфрлаат ензими кој ја раствараат храната, па потоа ја усисуваат.
 
Бактериите и вирусите се лепат за нивното тело, па мувите се чести преносници на разни болести. Доволно е да слетат на вашата храна само на секунда за да на неа да ги пренесат бактериите кои се наоѓаат на нивните нозе.
 
Како мувите можат да пренесат озбилни заразни болести, како што се колера, дизентерија, тифус, најдобро би било да избегнувате да го јадете она на што сте виделе мува.