Во Куманово акција „Повлечи потег, заштити го својот имот од кражби“

Кумановската полиција ја почна акцијата „Повлечи потег, заштити го својот имот од кражби“. Целта е да се подигне свеста и интересот кај граѓаните за самозаштита и заштита на заедницата, да се подобри личната безбедност, како и градењето партнерство меѓу граѓаните и полицијата при решавање на проблемите.
- Зачестените обивања во домовите и кражбите во летниот период, кога граѓаните се на одмор, е причина за спроведување на ваков проект во јули и август чија цел е преку разновидни активности во соработка со граѓаните и полицијата да придонесат за заштита на имотот на граѓаните, стои во соопштението на СВР Куманово.
Оттаму апелираат граѓаните да преземат поголеми мерки за безбедност и заштита на нивните домови и имотот за време на годишните одмори.
Меѓу препораките кои ги наведува полицијата, а кои треба да ги преземат граѓаните пред заминување на одмор е да ги затворат прозорците и вратите, да не дозволуваат влез на непознати лица во домовите, да пријават доколку забележат нешто сомнително на 192 и да се развиваат добрососедски односи.
Граѓаните треба да ги чуваат вредните предмети на сигурно место, да не се остава впечаток дека се отсутни од дома, а домовите треба добро да се осветлени и по можност да се инсталираат алармни уреди и безбедносни камери.
- Со цел да се спречат провалните кражби во домовите и поради поголема заштита се препорачува да не се објавува отсуството од дома на социјалните мрежи, се наведува во соопштението.
Оваа превентивна кампања се реализира последниве години и освен за летните одмори се спроведува и за поголемите празници. Целта е да се подигне свеста кај самите граѓани за обезбедување услови за поголема безбедност, а се реализира преку давање совети, делење флаери, преку советодавните групи и оддржување на локалните совети за превенција.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
