Почнува музичкиот маратон „Д фестивал“
Во Дојран од денеска до недела ќе се одржува шестиот „Д Фестивал“ - тридневен музички маратон кој со досегашните педесетина домашни и странски изведувачи станува препознатлив во регионот.
Покрај петте бини, „Д Фестивал“ ќе има и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп.
На првата фестивалска вечер таму ќе настапи Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис. Во сабота ќе настапи „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“. Вечерта ќе биде изведен и поетско-музичкиот перформанс на триото „Игла и конец“ на Тихомир Јанчовски, Добрила Грашеска и Зоран Тортевски.
Во новиот фестивалски амбиент во недела џез-концерт ќе има Гоце Стевковски трио. Музичката програма на оваа бина ќе заврши со настапот на Волтер Мани Ал Хаким, кого организаторот го најавува како најпознат непознат уметник, актер и музичар.
Програмата на бината Lake Awake е посветена на електронската музика, а за затворањето на фестивалот на оваа сцена во недела ќе бидат задолжени диџеите на Канал 103 - Мирко Попов, Илина Ангел, Шурбе, Виолета Качакова, Александар Гавровски и Марсо.
Меѓу учесниците на годинашниот „Д Фестивал“ се и: Сигма, Роџер Санчез, Бернајс пропаганда, Дубиоза колектив, Хладно пиво, Обојени програм, Лолобриџида, Фолтин, Паркети, Палиндром, Чиста околина, Тхе Ред степ...
„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“. Според информациите од Туристичкото биро, викендов во Дојран се очекуваат најмалку 30.000 гости од Македонија и од странство.
Ново на Сител
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје