Над 210 згрижувачки семејства се грижат за над 280 деца без родители

Во Македонија има 214 згрижувачки семејства кои што вршат вонинституционална заштита на 284 деца без родители и родителска грижа, деца со пречки во развојот, како и деца со воспитно социјални проблеми. Државната помош за згришувачките семејства во изминатиот период беше зголемена за 25 пороценти и сега изнесува од 8.500 до 10.500 денари месечно по згрижено дете.
- Би сакал да им се заблагодарам и на згрижувачките семејства да им го честитам нивниот ден, денеска е Ден на згрижувачките семејства во Република Македонија. Тие вршат една хумана и општествено корисна работа, да им се заблагодарам за грижата која што ја имаат за децата без родители и родителска грижа, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Потсети дека Владата во изминатите години реализирала низа проекти со коишто била овозможена поголема поддршка на згрижувачките семејства.
- Последната мерка која што ја реализиравме беше зголемување на паричниот надоместок за згрижувачките семејства за 25 проценти, со што месечните примања коишто ги имаат овие семејства се зголемија. Во минатото тие изнесуваа од 6.000 до 8.500 денари месечно, додека сега изнесуваат од 8.500 до 10.500 денари месечно. Зголемувањето за 25 проценти наиде на добар одѕив и им помогна навистина на овие згрижувачки семејства, рече Спасов.
Додаде дека Владата и понатаму ќе продолжи да ја поддржува оваа форма на згрижување на децата без родители и родителска грижа бидејќи, како што рече, е најблиска форма на згрижување или, пак, на грижа за овие лица, со биолошкото семејство.
Ново на Сител
-

Трамп: Војната со Иран почна поради нов објект за материјали за нуклеарно оружје
-

Масовни маршеви во Иран во поддршка на новиот врховен водач
-

ФФМ: Шкендија статистички е еден од најзаштитените тимови во ПМФЛ, но кога губат бодови секогаш други им се виновни
-

Македонските државјани во Бахреин во среда со специјален лет се очекува да се вратат во земјава
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на комеморација за македонските Евреи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска
-

Почнува реконструкција на објектот на Подрачната служба на ФЗО во Гевгелија
-

Американската војска соопшти дека погодила повеќе од 5.000 ирански цели од почетокот на конфликтот
-

ДКСК ќе ја одржи 29. седница
