-->
-->
Индија: При лизгање на земјиште загинаа десет градежни работници
-->
Најмалку десет градежни рабтници загинале во свлечиште предизвикано од силен ветер во северна Индија, соопштија денеска локалните власти.
Поради свлечиштето и силниот ветер, во сојузната држава Утраканд, во регионот на Хималаите, исто така се повредени пет работници, кои во тој период работеле на изградба на пат, пренесува Танјуг.
- Пронајдовме тела на на десет луѓе, а повредените ги префрливме во болница, изјави шефот на полицијата Дехрадун Садананд Дате.
На подрачјето на Хималаите свлечиштата се чести, воглавно во сезоната на монсуните, кога земјата станува нестабилна поради силниот дожд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани