Спасовски: Безбедносната состојба стабилна

Безбедносната состојба во Република Македонија е стабилна и таа може да се одржува стабилно само ако навистина сите заеднички го ставиме државниот и интересот на граѓаните пред политичките интереси, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешниот престој во Битола.
Спасовски порача дека не треба да се преземаат активности исклучиво во интерес на партија затоа што со тоа се наштетува на државата.
.- Договорот беше шанса за помирување и секој од политичките субјекти треба да биде длабоко свесен дека влечејќи потези исклучиво во интерес на партијата, всушност прави потег против интересите на граѓаните на Република Македонија, рече Спасовски.
Одговарајќи на новинарско прашање министерот за внатрешни работи изрази жалење и рече дека се уште трае истрагата за вчерашните инциденти во Скопје, каде беше пронајден мртов четириест годишниот К.К. во стан на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, со повреди од огнено оружје, како и за ранувањето на поранешен функционер на СДСМ.
- Вчера веднаш по настанот Јавниот обвинител излезе на лице место, заедно со полицијата извршија увид, истрагата се уште трае и за сите детали и дилеми кои постојат во македонската јавност, по завршувањето на истрагата таа ќе биде споделена со јавност. Жалам за инцидентот што се случи и во Битола во кој што настрада поранешен пратеник на СДСМ, а заедно со него биле поранешен градоначалник и поранешен началник на Управата за безбедност и контраразузнавање, рече Спасовски.
Најави дека професионалците во МВР ќе го истражат и овој случај, по што битолската и македонската јавност ќе бидат информирани.
Спасовски присуствуваше на поменот за 15-годишнината од загинувањето во Вејце на македонските бранители Марјан Божиновски, Илчо Стојановски, Бошко Најдовски и Кире Костадиновски.
Ново на Сител
-

Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга, бараат „итен доказ дека се живи“
-

Следува потопло време, локални врнежи од дожд - пообилни кон средината на идната седмица
-

Уапсено лице од Дебрца, возел со 2,21 промили алкохол во крвта
-

Николоски: Брза пруга на Коридор 10, доизградба на Коридор 8, продолжуваме со крупни проекти во железницата
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
