-->
-->
Во кумановскиот театар премиерно претставата „Ревизор“
-->

Кумановскиот театар в среда на 27 април премиерно ќе ја изведе претставата „Ревизор“ по текст на Николај Васиљевич Гогољ а во режија на Андреј Цветановски.
Текстот на Гогољ, иако напишан пред 150 години, се уште е актуелен, рече на денешната прес-конференција режисерот Цветановски и посочи дека во преставата се зборува за човековата потреба за моќ и стравот од стегите на општеството кое ги наметнува.
- Овој тескт е толку битен што ако треба да се одберат десет книги кои треба да се закопаат и после следната цивилизација да ги најде, една од тие книги е Ревизор, рече Цветановски.
Според него, значајно е секој театар во својот репертоар да ги вклучи класиците,кои зборуваат за актуелни теми.
Актерите кои играат во претставата се надеваат дека ќе биде интересна за кумановската публика.
Горан Илиќ, кој ја игра улогата на градоначалникот, вели дека е задоволство што игра со толку млада екипа.Тој додава дека во денешно време речиси сите се преокупирани со политика,така што многу полесно се влегува во суштината на она што значи власт и моќ.
Актерот Мирослав Петковиќ рече дека по две години повторно игра во престава и оти ја толкува улогата на судијата,Љапкин Такин,типичен пример за службеник.
Улогата на ќерката на градоначалникот во претставата ја игра Александра Михајловска, која потенцира дека со леснотија работеле на такво значајно дело како што е „Ревизор“
Во „Ревизор“ играат и Кети Дончевска – Илиќ,Марко Трајковиќ , Владо Дојчиноски, Милош Стојковиќ, Никола Наковски, Мартин Манев и Горан Ников. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Александар Рашковиќ, композитор е Димитар Андоновски и драматург е Зоран Зафировски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
-

Осум активни пожари низ државата
-

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница
-

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
-

Костадиновски - Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
-

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
