Работилница за реорганизација на депоата во музеите во Македонија

Во Музејот на современа уметност во Скопје во завршна фаза е едукативна работилница за реорганизација на депоата во музеите во Македонија по методологијата RE ORG. Учествуваат 16 лица, претставници од неколку национални музеи од Македонија, Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба, Музејот на Град Скопје, Националната галерија на Македонија, Музејот на современата уметност и од Музејот на Македонија.
Работилницата ја организира Музејот на современа уметност согласно одлуката на Владата за осовременување на депоата во музеите во Република Македонија (2014-2017), со финансиска поддршка од Министерството за култура и во соработка со ICOM (Меѓународен совет на музеите) и Региоаналната Алијанса ИКОМ за Југоисточна Европа-RA ICOM.
Лазе Трипков, директор на Музејот на современа уметност во Скопје, на денешната прес-конференција соопшти дека се што било потребно за оваа работилница е обезбедено.
- Овој проект, кој го донесоа колегите, придонесува кон потврдувањето дека навистина Музејот на современа уметност работи многу сериозно на одржувањето на нивото кое го има, рече Трипков.Мила Поповиќ Живанчевиќ, претседател на Регионалната алијанса на Југоисточна Европа и ректор на Алфа универзитетот во Белград, смета дека мора да се промени пристапот, важноста и значењето на депоата бидејќи најголем дел од музејските предмети завршуваат токму таму.
- Тој пристап мора да се промени и кај професионалците, прво кај директорот, кустосите, кај вработените и кај оние кои се одговорни за Музејот, во вашиот случај тоа е Министерството за култура, рече Поповиќ Живанчевиќ.
Вељко Џикиќ од Централниот институт за конзервација (ЦИК) од Белград, едукатор на работилницата, ја објасни RE ORG методологијата која се базира на 10 критериуми за професионално депо кои, како што рече, се трудиме да ги постигнеме на работилницата. Според него, важно е управувањето со депото, сегментот зграда и простор, збирки кои се чуваат, опрема и мебел кои се користат во депото.
Захаринка Бачева, раководител на Оддел за збирки и изложби во МСУ, информира дека Министерството за култура веќе две години одвојува средства за осовременување на депоата во музеите.
Благоја Варошанец, вработен во МСУ и вклучен во работилницата, рече дека идејата е на музејските работници да се им се претстави оваа методолигија и да се создадат добри услови во нивните депоа.
Ново на Сител
-

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас
-

МЗ: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман
-

Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
-

Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
