-->
-->
Штрајкот на комуналните работници во Берово ставен во мирување
-->

Штрајкот на комуналните работници во Берово од денеска е ставен во мирување. На работниците им е исплатена една плата, а Советот на Општина Берово во најскоро време треба да одржи седница на која ќе се донесе одлука за субвенционирање на претпријатието од средствата од ребалансот на општината со кои ќе се покријат трошоците на претпријатието за 2015 година кои изнесуваат над три милиони денари.
Како што истакна Коста Трајановски член на ШО, работниците денеска го ставија штрајкот во мирување со цел да покажат добра воља, но доколку надлежните не се придржат на договореното, штрајкот ќе биде повторно активиран.
- Добивме цврсто убедување од директорот дека до крајот на месецот ќе биде исплатена уште една плата, а една веќе добивме, а до средината на идниот месец уште една плата со што вработените ќе имаат и здравствено осигурување. По долготрајна дискусија одлучивме да го ставиме штрајкот во мирување и да покажеме добра волја, рече Трајановски.
Штрајкот на комуналните рабоотници од Берово траеше 12 дена, а започна како резултат на финансиската криза во претпријатието кое има стари и нови долгови од над 30 милиони денари и незадоволството на работниците поради неисплатените 4 плати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Третина од домаќинствата во земјава живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 метри квадратни, 71% се греат на цврсти горива, а 20% на струја
-

На цистерна со гас, со македонски регистарски таблички, избувнал пожар на патот Елбасан - Пеќин
-

Пренасочување на сообраќајот на делницата Прилеп- Битола по регионалниот пат Р1101
-

На новогодишната ноќ студено со ветер, ќе провејува снег
-

Пронајдени пиротехнички средства, тутун и цигари без документација при претрес во неготинско Војшанци
-

Засилени контроли на АХВ: 60 казни и уништени над 600 килограми небезбедна храна
-

Кривична за сопственикот на „Јужна пруга“, ја отворил и работел иако инспекција ја затворила
-

Превртена цистерна на патот Струга - ГП „Ќафасан“, сообраќајот во прекин
