Зоран Петрески реизбран за претседател на Комората на извршители
Зоран Петрески денеска повторно е избран за претседател на Комората на извршители на Република Македонија (КИРМ).
На денешното Собрание на Комората на извршители, покрај Петрески беа избрани и органите на Комората, односно членовите на новиот Управен и Надзорен одбор, како и членовите на Дисциплинската комисија. Мандатот ќе го извршуваат во наредните две години.
За членови на УО на КИРМ се избрани Емилија Павловска, Гордана Џутевска, Јорданчо Давитковски, Весна Јакимовска, Ангелка Ефковска, Благој Бањарски и Јасер Асани.
Основни статутарни цели на Комората на извршители се унапредување, координирање и развивање на извршителската дејност во Република Македонија, заштита на самостојноста и независноста на извршителите, континуирано стручно оспособување на извршителите и остварување на јавност и транспарентност на работата на Комората и вршењето на должноста на извршителите.
Комората се грижи за заштита на статусот и правата на извршителите и афирмација и развивање на угледот на Комората на извршители во општеството. Понатаму, афирмација на стручно и ефикасно извршување на судските пресуди и други извршни исправи со цел за остварување на правниот поредок, правото на приватна сопственост и крајна афирмација на правосудната власт како столб на државата.
Комората на извршители во својот делокруг на работа става голем акцент на грижата на уставноправниот статус и заштита на правата, слободите и достоинството на странките и учесниците во извршувањето.
Врвна цел на Комората на извршители е севкупно унапредување на стандардите на извршувањето, примена на највисоките европски стандарди и добри практики во македонскиот систем на извршување.
Ново на Сител
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип