Богов: Политичката неизвесност не е добра за економскиот раст
Политичката неизвесност не е добар амбиент за економијата и за нови инвестиции, ниту, пак, за потрошувачката на домаќинствата. Колку постабилен политички амбиент имаме токлу е подобро за економскиот раст и за долгорочниот развој на Македонија.
Ова денеска го оцени гувернерот на НБРМ Димитар Богов, прашан да го коментира вчерашното распуштање на Собранието и најавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека опозицијата нема да учествува на изборите на 5 јуни и како тоа ќе влијае на економијата, на паузата на Петтата меѓународна истражувачка конференција на тема: „Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус: преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките“ што традиционално се организира по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.
- Не би коментирал политички случувања, тоа ќе им го оставам на политичарите. Минатата година имавме политичка криза и грчка должничка криза, но македонската економија покажа дека има здрави фундаменти и во тие услови немавме некои потешки последици, освен што растот не беше толкав колку што очекувавме, изјави Богов.
Прашан како ќе влијае одлуката за задржување на истите каматни стапки од Европската централна банка врз македонскиот банкарски сектор, гуверенрот Богов порача дека тоа ќе го продолжи периодот на поволна околина за македонската монетарна политика.
- Тоа значи дека нашите каматни стапки веројатно уште некој период ќе останат на овие ниски нивоа, посочи Богов.
Ново на Сител
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск