Loading Video...
Свет
22. November 2026 - 17:14

Преглед на вестите од светот

Синот на Милорад Додик, 37-годишниот Игор Додик, е предложен за нов премиер на Република Српска.

Неговата кандидатура ја објави претседателот на ентитетот, Саво Миниќ, по консултациите со партиите од владејачката коалиција.

Игор Додик првпат се кандидираше на избори во октомври годинава, кога освои пратенички мандат како носител на листата на СНСД, партијата предводена од неговиот татко.

Сега треба да предложи состав на новата влада, но за да стане премиер ќе мора да ја добие поддршката од Народното собрание на Република Српска.

Речиси сите редовни авионски летови од и кон Белгија утре ќе бидат откажани поради генералниот штрајк во земјата, на кој се приклучија и контролорите на летање.

Најголемите проблеми се очекуваат на аеродромите во Брисел и Шарлроа, а проблеми може да има и кај патниците кои преку Белгија требало да продолжат кон други дестинации.

Штрајкот е организиран во знак на протест против владините мерки за штедење и намалување на буџетскиот дефицит.

Белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај најави дека од 7 до 21 часот нема да може да ги обезбедува редовните услуги.

Исклучок ќе бидат само итните и безбедносно неопходните летови.

Аеродромот Шарлроа најави целосен прекин на редовниот сообраќај, додека од аеродромот во Брисел најголемиот дел од пристигнувањата и заминувањата ќе бидат откажани.

Иран се соочува за сериозен недостиг на гас оваа зима.

Властите предупредуваат дека проблемот ќе биде поголем од претходните години и ќе погоди голем дел од земјата, поради оштетувања на постројките за преработка за време на војната.

„Треба да го решиме прашањето со гасот. Реформата на гасниот сектор може да ги реши проблемите и за граѓаните и за владата, а истовремено да ја зајакне нашата економска безбедност и социјалната отпорност“, вели претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф.

Паралелно, Техеран продолжува да бара дипломатско решение за конфликтот со САД.

По разговорите со катарска делегација, Иран порача дека останува на маса предлогот за дводневно примирје и повторно отворање на Ормускиот Теснец.

Во меѓувреме, иранската Револуционерна гарда претстави нова ракетна база и систем способен истовремено да лансира две ракети.

Властите тврдат дека новото оружје има поголем дострел и прецизност.