Вештачката интелигенција во правосудството – Помошник, не судија
„Вештачката интелегенција може да им помогне на судиите и обвинителите во нивната работа, но одлуките и одговорноста мора да останат кај човекот.“
Ова е главната порака од денешната дебата за можностите и предизвиците од употреба на вештачката интелегенција во правосудството организирана од Францускиот институт и амбасадата во соработка со Правниот факултет „Јустинијан први“.
Француските искуства покажуваат дека веќе се развиваат дигитални алатки кои ќе им помагаат на судиите, но нема да ја заменат нивната улога.
Внимателност при користење на новите технологии побара и обвинителката Ана Гоговска Јакимовска.
Таа смета дека вештачката интелегенција може значително да им ја олесни работата на обвинителите при обработка на бројните податоци, но предупредува дека мора да се внимава на доверливоста и проверката на информациите.
Францускиот амбасадор порача дека технолошкиот напредок во правосудството мора да биде проследен со соодветна законска рамка, но и со човечка контрола врз употребата на новите алатки.
Скопскиот кривичен суд веќе прави обиди за воведување на вештачката интелегенција при анонимизација на пресуди и транскрипција на судските рочишта, но само пробно бидејќи нејзината примена не е законски регулирана.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
