ДКСК изрече јавна опомена за пратеникот Јосифовски поради судир на интереси
Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Љубомир Јосифовски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.
Избраното лице, покрај функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија, како што е наведено во соопштението од ДКСК, ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за обработка на податоци, хостирање и слични дејности „ИНФОГРУП“ ДОО Скопје.
- Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23, став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува, се додава во соопштението.
Љубомир Јосифовски не постапил по барањето на Државната комисија, поради што Државната комисија за спречување на корупцијата донела одлука на ова лице да му изрече мерка „јавна опомена“.
Согласно со член 25, став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката „јавна опомена“ се објавува во средствата за јавно информирање.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот