Историски ден за македонскиот тенис - Ѓорческа против Анисимова на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска точно на пладне го игра својот прв меч на Гренд слем турнир. Таа на Вимблдон ќе игра против ланската финалистка Американката Аманда Анисимова, која е рангирана како шеста носителка.
Ѓорческа за пласман се избори преку квалификациите каде постигна три победи. Во првото квалификациско коло македонската тенисерка ја совлада Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0 во сетови (62 64), потоа ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 во сетови (57 62 61) и по негативата успеа да направи пресврт и да ги добие следните два сета. Жорге успеа да освои три гема. На сличен начин – доминатен Ѓорческа ја доби и третата противничка во квалификациите во т.н. финале каде беше поуспешна од Лаура Бронцети од Италија со 2-0 во сетови (61 62).
Анисимова во рамки на подготовките на Вимблдон одигра само два меча (официјални) на Квинс турнирот и загуби во четвртфиналето и за само пет дена се врати дома во САД. Но, во најавата на мечот таа враќањето во САД го оценува како добар потег, иако кусо, особено што за време на претстојот во Европа и настапите на земјени терени имаше и повреда на зглобот.
Мечот меѓу Ѓорческа и Анисимова е прв на теренот број 2 и почетокот е во 12 часот по македонско време.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
