ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Скопје и екипи на Министерството за внатрешни работи, ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање, информираа попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
- Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело, лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот - појаснија од ЈО.
Од МВР информираа дека денеска е лишен од слобода С.Г., на возраст од 51 година, со престојувалиште во скопско Таор, поради постоење основи на сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г.
- На 26 јуни 2026, С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а следниот ден пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на село Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото, кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69) - информираа од МВР.
Оттаму соопштија дека во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
